Компанијата Arburg е една од водечките светски компании за производство на машини со врвен квалитет и дополнителна опрема за обработка на полимери. За 60 години производство на машини за бризгање со инјектирање, Arburg стана еден од најиновативните производители во својата област, кој одговара дури и на најкомплицираните барања со своите решенија. Секоја машина е произведена според барањата на купувачот - „tailor made“.