Американската компанија Elnik Systems е основана во 1969 година и е глобален лидер во производството на вакумски печки за сепарација и синтерување. Оваа технологија се користи во производството на бризгање на метал (MIM-Metal injection molding), што е често користена технологија во воената и автомобилската индустрија, каде што има потреба од големи серии мали метални производи со високи толеранции. Во комбинација со Arburg машините за бризгање, ние сме во состојба да понудиме целосно решение по принципот „ клуч на рака“.