Euro PM2019

Published On: ноември 6th, 2019Categories: Uncategorized @mk

Номис како овластен дистрибутер на Catamold BASF, присуствуваше на овогодинешниот Конгрес и изложба од 13.-16.10.2019 во Мастрихт, Холандија. Congress & Exibition единствена прилика да се дознаат најновите трендови на металургијата во прав.

Во текот на овогодинешниот настан, прославена е и 30 годишнината на Европската металургија во прав (ЕРМА), каде што посетителите можеа да се присетат на поранешните колеги, фирми и развојот на металуршката индустрија во прав во последните 30 години. Овој настан ги претставува сите подрачја на металургијата во прав (адитивно производство, функционални материјали, тврди материјали и дијамантски алати, топло изостатичко притискање, инјектирачко притискање на метал, процеси и примени на нови материјали, како и конвенционално притискање и синтерирање) и привлече меѓународна публика од преку 40 земји, вклучувајќи ги и земјите на Далечниот Исток, Африка и Америка, а истовремено и повеќе од 1100 учесници. На самата изложба присуствуваа 100 фирми, изложувачи кои претставија цел ланец на новитети на металургијата во прав. Овогодинешната изложба, повторно го покачи нивото во однос на изложувачите со што прерасна во една од најголемите изложби од оваа бранша до сега.

Više detalja o Euro PM2019 možete saznati na: https://www.europm2019.com/