Поради зголемениот обем на работа, отворена е НОМИС подружница во Македонија.
НОМИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ од 02.05.2018 !
Иако на територијата на Македонија сме присутни уште од 2016 година преку продажниот асистент за машини и опрема, потребата за останатите суровини како што се гранулатите од нашата програма, средствата за чистење и подмачкување на машини, се прошири.
Со успешно продолжување на стратегијата на компанијата за развој и зајакнување на продажбата во регионот се отвори подружница во Скопје, Македонија. Оперативно започна со работа 02.05.2018 под името НОМИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, чиј единствен сопственик е Nomis doo, Хрватска.
Во склоп на нашиот новоотворен центар кој го покрива регионот на Србија, Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија, се наоѓа канцеларија и магацински простор. На тој начин ќе овозможиме на нашите купувачи и клиенти од овој регион, да им бидеме достапни во секој момент и во најмал можен рок да одговориме на сите барања на пазарот.
Покрај професионалната услуга за продажба на машини и опрема, силна сервисна поддршка, стручно советување и дистрибуција на полимерни материјали, се надеваме дека ќе ги задоволиме се поголемите предизвици на пазарот за преработка на полимерни материјали, со посебно нагласување на автомобилската иднустрија, електро индустријата и амбалажата.
На подрачјето на Македонија, ги застапуваме следниве светски производители:
Машини за бризгање на полимери: Arburg
Машини за екструзионо дување: Kautex и Plastiblow
Периферни уреди: Moretto, Greenbox и Rapid
Транспортни траки и системи: Virginio Nastri
Полимерни материјали-гранулати: BASF, Borealis, Lanxess, Bayer, Covestro, MOL, Synthos, Elix.
Бои и адитиви за полимерни материјали: Clariant и Lifocolor
Средства за подмачкување и заштита на машини и алати: Chem Trend
МИМ печки за одвојување и синтерирање: Elnik









